Поранешниот играч на Вардар, еден од најдобрите средни бекови во светот, Лука Циндриќ, поради повреда ќе пропушти неколку натпревари на Кјелце.
Хрватскиот репрезентативец се повреди, во саботата во Белорусија, на натпреварот помеѓу Мешков Брест и Кјелце (26:35). Клубот објави дека Циндиќ ќе отсуствува од тимот три недели поради повреда на мускулот.
Ова значи дека тој ќе го пропушти гостувањето на Кјелце во Скопје, на 1.декември. Повредата ќе го одалечи Циндирќ и од натпреварите што Кјелце ќе ги одигра против Мешков Брест на 17.ноември и Барселона на 24.ноември.
Циндриќ три сезони го носеше дресот на Вардар. Во периодот од 2015 до 2018 година тој беше вистински миленик на навивачите и еден од клучните играчи во походот на Европската титула во 2017 година.