Новото засилување на Челси, Матео Ковачиќ се пошегува дека Ливерпул немаат шанси да ја освојат титулата оваа година бидејќи во клубот е неговиот колега од репрезентацијата, Дејан Ловрен.
„Црвените“ во моментов се два поени пред Челси по 0:0 ремито со Евертон, а двата тима заостануваат зад Манчестер сити. Ловрен и Ковачиќ се добри пријатели и двајцата поминаа низ школата на Динамо Загреб и исто така беа дел од репрезентацијата која стигна до историското сребро на СП во Русија ова лето.
Но, сега тие се ривали во англиската Премиер лига, откако Ковачиќ дојде на заем од Реал Мадрид и не му пречеше да го „начека“ колегата.
„Ливерпул нема да се англиски шампиони, тоа е едноставно. Зошто? Па, бидејќи го имаат Дејан Ловрен“, изјави Ковачиќ за „24 сата“.