Репрезентацијата на Казахстан упати дури 30 удари кон голот на Латвија, но само еден го најде вистинскиот пат, во мрежата на Латвија. Сепак домашните освоија само еден бод во мечот од петтото коло во групата Д во Лигата на нации.
Натпреварот во Астана заврши нерешено, 1:1. Поведе домаќинот преку Сујумбајев во 37 минута, а конечниот резултат го постави Ракелс во 49 минута.
Домаќините беа доминантни, имаа четирипати повеќе удари кон противничкиот гол но залудно, мечот заврши само со поделба на бодовите.
И двете репрезентации немаат никакви шанси за напредок во поквалитетна група во Лигата на нации затоа што Грузија е неприкосновена и има 4 од 4 во дуелите со послабо рангираните селекции.