Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги декласираа Голден стејт Вориорс 107:86, во натпреварот што се одигра изминатата ноќ.
Ракетите до победата ги предводеше Џејмс Харден со 27 поени, три скока и асистенции и две украдени топки.
Играчите на Хјустон во екот на целиот меч ги диктираа ритамот, имаа 35:25 во првиот период, а до полувремето гостите од Оукленд ја спуштија разликата на помалку од десет поени.
Териот период Ракетит го отворија фуриозно го отворија, се одлепија на двоцифрена разлика, а во воведните минути од последната четвртина со серијата 21:0 стигна до максималната предност од 32 поени. (97:65).
Покрај Харден кај Хјустон се истакнаа уште Џејмс Енис третиот со 19 поени и пет скока, односно Ерик Гордон со 17 поени, а Клинт Капела забележа по десет поени и скокови.
Вориорс се уште се без Стеф Кари, во Хјустон го забележаа четвртиот пораз во сезоната. Кевин Дурент со 20 поени и пет скока беше единствената светла точка во редовите на актуелните шампиони.