Хрватскиот стратег Велимир Перасовиќ е старо-новиот тренер на баскискиот кошаркарски клуб Басконија, откако по поразот од Будуќност во Евролигата во четвртокот, тимот реши да го смени Педро Мартинез.
Басконија загуби од новакот во Евролигата во Подгорица за да има 2-5 скор по седум кола со малку шанси за пласман на завршниот турнир, иако е домаќин следната година.
Перасовиќ веќе еднаш беше на чело на клубот од Виторија, предводејќи ги до третото место во 2015/16, а покрај тоа работеше и како тренер на Анадолу Ефес, Валенсија, Цибона, Севилја, а беше и хрватски селектор.
Фото: ЕПА