Фудбалската репрезентација на Србија денеска на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград славеше во соседското дерби против селекцијата на Црна Гора со конечен резултат 2:1 во Лигата на нации.
Головите за домашната селекција ги постигнаа Адем Љаиќ и Александар Митровиќ во првиот дел од средбата, додека почесниот погодок за гостите беше дело на Стефан Мугоша, во второто полувреме.
Србите имаа шанса да постигнат поуверлива победа откако имаа пенал при резултат 2:0, но Митровиќ беше непрецизен.
Србија сега е чекот од првото место во групата 4 кое би донело поминување во Ц во Б дивизијата на Лигата на нации, со шанси за директен пласман на Европското првенство 2020 година.