Македонскиот каратист Дејан Недев освои сребрен медал во кати на Светскиот обединет карате куп во Лињано Сабјадоро, во Италија.
Златниот медал отиде на градите на домашен натпреварувач.
„Италијанецот за неколку класи послабо од Дејан ги изработи катите. Тоа беше очигледно за целата публика и јавност која го следеше финалето. Дејан Недев за класи беше подобар во изведбите на катите (поцврст, поексплозивен, поенергичен) од победникот кој судиите буквално му ја подарија победата и златниот медал“ – информираа од МТКФ.