Премиерлигашот Лестер Сити му забрани влез на стадионот во следните 3 месеци на својот навивач кој втрча на теренот за да изрази сочувство до синот на сопственикот на клубот, Вичај Шриваданапрабхи.
По натпреварот со Барнли кога синот на сопственикот, Ајават влезе на теренот за да им се заблагодари на навивачите за поддршката, навивачот Том Мери, истрча на теренот за да го прегрне Ајават, на што тој му се заблагодари.
Подоцна раководството на Лестер реши да му изрече забрана за влез во следните три месеци поради недозволен влез на теренот.
Навивачот Мери изјави дека обезбедувачите го чувале во соба на стадионот околу 20 минути прашувајќи го за неговите мотиви.