Top Sport

ЕХФ куп: Еурофарм Работник го здроби швајцарски Берн во Битола, 29:19

Битолски Еурофарм Работник попладнево во салата „Боро Чурлевски” во Битола се претстави во величенствено издание откако со 10 голови разлика го победи швајцарски Берн во третото квалификациско коло од ЕХФ купот. Конечниот резултат гласеше 29:19, а на полувремето битолчаните отидоа со 8 гола предност, 15:7.

На своето европско деби битолскиот тим широко си ги отвори вратите кон пласман во групната фаза во ЕХФ Купот и продолжен настап на европската сцена.

Најдобриот погодок на мечот е дело на крилото Милан Ѓукиќ пред финишот на првиот дел кога репрезентативецот Гоце Ојлески создаде простор, па го проигра Ѓукиќ на крило, а овој атрактивно погоди.

Милан Токиќ кај домашниот тим даде 11 гола, 8 погодоци додаде Филип Кузмановски, а 4 гола постигна Горан Крстески.
Кај госите најефикасен беше Матијас Герлис со 5 гола.

Реваншот од овој дуел ќе се одигра на 25 ноември во Швајцарија.

Scroll to Top