Кармелита Џитер, носителката на второто најбрзо време на 100 метри во историјата, се повлекува од атлетиката. Американката се нема натпреварувано од јуни и вели дека ќе и недостасува кога ќе и го повикаат името.
„Навистина ќе ми недостасува да слушнам: ‘Кармелита Џитер, петта линија’ и сите врескаат“, вели Џитер.
37-годишната Американка има личен рекорд од 10.64, што е второ најбрзо време по недостижната Флоренс Грифит-Џојнер. На Олимпијадата во Лондон во 2012 година, таа освои сребро зад Јамајчанката Шели-Ен Фрејзер-Прајс на 100 метри и бронза зад Елисон Феликс и Фрејзер-Прајс на 200 метри. За неа, најдобриот момент во кариерата беше златото во 2012 на 4х100 метри со Тијана Бартолета, Феликс и Бјанка Најт со светски рекорд од 40.82.
„Четири жени кои трчаат во иста дисциплина треба да го тргнат своето его и гордост на страна. Тоа е најневеројатната работа во мојата кариера“, вели Џитер.