Калиду Кулибали нема да го напушти Наполи, барем не за цената што на „Сан Паоло“ пристигнала од Манчестер јунајтед.
Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ за услугите на Сенегалецот понудила сума од 90 милиони евра. Понудата без размислување била одбиена, пренесуваат англиските и италијанските медиуми.
Кулибали е еден од најдобрите фудбалери на Наполи, а неодамна од страна на Би-би-си е номиниран за африкански играч на годината, заедно со Мехди Бенатија од Јувентус.
Менаџерот на Манчестер јунјатед, Жозе Мурињо, во зимскиот преоден рок има намера да донесе еден централен дефанзивец. Јунајтед има доволно пари да за трошење, меѓутоа доколку го сакаат Кулибали ќе мора да издвојат повеќе од 90 милиони евра.
Кулибали, пред почетокот на сезоната, потпиша нов договор со Наполи, чија важност е до јуни 2023 година.