Освојувачот на Лигата на шампионите, мадридски Реал, ги дозна имињата на можните противници на Светското првенство за клубови.
Потенцијален ривал на Реал во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот во кој ќе играат шампионот на Азија и екипата која ќе победи во четврт-финалето, Оукленд Сити и домаќинот на турнирот Ал Џазира, одлучи ждрепката која се одржа во Абу Даби.
Реал ја брани титулата и во Обединетите Арапски Емирати ќе се обиде да ја освои својата трета титула на Светското првенство за клубови. Три титули во ова натпреварување засега има само Барселона.
Во второто полу-финале ќе играат шампионот на Јужна Америка и подобриот од натпреварот помеѓу првакот на КОНКАКАФ, мексиканската Пачука и шампионот на Африка.
Светското првенство за клубови ќе се одржи од 6 до 16 декември во Абу Даби. Финалето на 14. Светско првенство за клубови е закажано за 16 декември на стадионот „Зајед“ чии капацитет изнесува 42.000 седишта.