Top Sport

Реал ќе се откаже од Модриќ и Бејл за да го купи Хари Кејн

По шпекулациите дека Реал во летниот преоден ќе се обиде да го донесе Хари Кејн за сума од 200 милиони евра, лондонски „Гардијан“ излезе со нова информација, дека претседателот на „кралскиот клуб“ е подготвен и да се откаже од неколку ѕвезди само за да го види англискиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“.

Како што пишува „Гардијан“, Флорентино Перез бил подготвен да се откаже од услугите на Лука Модриќ, Карим Бензема и Герет Бејл.

Модриќ во 2012, а Бејл во 2013 година пристигнаа во Реал токму од Тотенхем.

Бејл и Бензема имаат проблеми со формата, а Велшанецот и со повредите, додека според истиот извор Перез би се откажал од услугите на Модриќ бидејќи наредното лето ќе наполни 32 години.

Од друга страна во Мадрид се свесни дека претседателот на Тотенхем Даниел Леви е тежок соговорник и дека ќе бара многу пари за Хари Кејн и веројатно и двајца фудбалери на Реал.

Флорентино Перез е голем фан на Кејн, кој минатата сезона беше најдобар стрелец во Премиер лигата, а само во 2017 година на 43 натпревари постигна 37 голови. н.ц.

Scroll to Top