Кршењето на правилата од финансискиот фер-плеј предизвика големо незадоволство низ Европа, поради што се посилни се барањата, Манчестер сити и ПСЖ, да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.
Еден од најгласните е првиот човек на шпанската Примера, Хевиер Тебас. Во изјава за шпанските медиуми тој потсетил на она што го говорел пред две години.
„Пред две години говорев дека Манчестер сити и ПСЖ не работат чесно, така што ова не ме изненадува. Многу е важно УЕФА да повлече конкретен потег по ова прашање, бидејќи тие го нарушија балансот во фудбалскиот свет и ја нарушија структурата на фудбалската игра. Овие тимови мора да бидат казнети. Доколку на една година бидат исфрлени од Лигата на шампионите, тоа ќе им испрати јасна порака на останатите, дека прописите мора да бидат сфатени сериозно“, рекол Тебас.