Top Sport

Репрезентативците и стручниот штаб ќе поделат премија од 500.000 евра

Македонската фудбалска репрезентацијата ја оствари целта и како прва мина низ целта во Групата 4, во Д-дивизијата во Лигата на Нации. Во конкуренција на Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, избраниците на селекторот Игор Ангеловски забележаа пет победи и еден пораз и со гол разлика 14:9, освоија 15 бода.

Македонија со освоеното прво место во Групата 4, за две години ќе се натпреварува во Ц-дивизијата, а ќе игра и бараж за пласман на Европското првенство во 2020 година. Против кого ќе игра Македонија во плеј-офот ќе биде познато вечерва и зависи од резултатот на мечот Косово-Азербејџан.

За успешниот настап во Лигата на Нации Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) парично ќе ги награди фудбалерите и стручниот штаб, кои ќе поделат 500.000 евра.

фото: ffm.mk

Scroll to Top