Top Sport

Судијата плаче, Ван Дајк го теши (Видео)

Вирџил ван Дајк, најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, синоќа во самиот финиш постигна гол за Холандија против Германија, го израмни резултатот на 2:2 и ја однесе својата репрезентација на завршниот турнир во Лигата на Нации.

Ван Дајк е вистински херој во Холандија, а во остатокот од фудбалскиот свет, поради она што го направи по завршувањето на натпреварот.

Холандскиот капитен силно го прегрнал романскиот судија Овидиу Хатеган, кога забележал дека тој плаче. Ова го забележаа камерите на стадионот во Гелзенкирхен.

„Се доближив до Хатеган за да се поздравам и го прашав како е? Ми одговори дека не се чувствува добро бидејќи неодамна починала неговата мајка. Тука се „скрши“ и започна да плаче. Го прегрнав и му кажав дека добро го судел натпреварот. Знам дека не направив многу, се надевам дека барем малку му помогнав“, рекол Ван Дајк по натпреварот.

https://twitter.com/TheEuropeanLad/status/1064655393266311168

Scroll to Top