Џејсон Камингс се надева дека со новата тетоважа инспирирана од супер-злосторникот Џокер ќе дебитира за шкотската репрезентација против Холандија оваа недела.
22-годишниот напаѓач на англискиот второлигаш Нотингем Форест ги откри своите тетоважи додека беше првпат со шкотскиот состав. Камингс постигна 14 гола досега оваа сезона и вели дека подготвува да слави со неверојатната тетоважа ако успее да дебитира со гол.
„Да, ова е дефинитивно совршено за прослава на гол, но прво треба да дадам гол. Ако постигнам оваа недела, дефинитивно ќе го направам тоа. Тетоважата? Па, искрено, бев трезен кога ја добив! Можеби ќе зажалам за 20 години, но живеам за моментов. Помалку наликувам на Џокер“, изјави Камингс.