Top Sport

Виери: Кој му дава на Линекер да работи на ТВ?

Гери Линкер се „дрзна“ да го критикува Карим Бензема, навлекувајќи го бесот на италијанскиот ветеран Кристијан Виери.

Линекер доби многу критики и на социјалните мрежи откако при ремито на Реал Мадрид со Тотенхем на „Бернабеу“ коментираше  за формата на Бензема, а францускиот напаѓач одговори дека очекувал повеќе поддршка од Линекер, кои самиот беше напаѓач.

Поранешниот „бомбардер“ на италијанската репрезентација Бобо Виери се реши да проговори

„Не знам зошто Гери Линекер работи на ТВ во Англија. Само во Англија и би го пуштиле да работи на телевизија. Тој самиот сите свои голови ги постигна од шест метри. Тој и самиот беше напаѓач, и кога напаѓач нема да постигне голови во неколку натпревари треба да го убиете? Тој би требало да знае какво е чувството“, изјави Виери.

Scroll to Top