Top Sport

Единствен случај: Џејми Куретон ги тресе мрежите од 1994 година

Џејми Куретон е напаѓач кој својата кариера ја започнал во време кога играа Ромарио, Стоичков, Баџо. Она што го прави посебен овој за пошироката фудбалска јавност е што се уште е активен и постигнува голови.

Куретон има три настапи за репрезентацијата на Англија до 18 години, во моментов е член на седмолигашот Бишоп Стортфорд.

Неодамна, во победата на својот тим постигнал хет-трик, со што стигнал до 350. гол во кариерата. Интересно, почнувајќи од 1994 година, тој постигнал најмалку еден гол во секоја сезона.

За 24 години сменил 18 клуба, започнал во Норич, а кон крајот на минатиот и почетокот на овој век играл за Бристол и Рединг.

Тој е еден од двајцата фудбалери што биле во популарната видео игра на ФИФА во 1996 година, а кој се уште е активен. Вториот е Јапонецот Казијуши Мијура.

Целта на овој фудбалер кој е роден на 28.август 1975 година е да стигне до бројката од 400 гола во кариерата.

„Ако оваа сезона постигнам 10 или 15 гола и 20 во наредната тогаш можам сериозно да размислувам за таа бројка. Зошто да не? Не би сакал да дојдам блиску до такво остварување, а потоа да се повлечам“, рекол Куретон.

Scroll to Top