Фудбаслкиот клуб Барселона нема да може да пазари во Ливерпул во наредните три години, тврдат шпанските медиуми, повикувајќи се на една интересна клаузула што е вметната во договорот на Фелипе Кутињо.
Бразилецот во јануари оваа година за сума од 142 милиони фунти од „Енфилд“ се пресели на „Камп Ноу“, иако Ливерпул на сите можни начини се обидуваше Бразилецот да остане.
Медиумите во Шпанија откриле која била причината што Ливерпул се согласиле да го продадат Кутињо. Еден од условите бил Барселона до 2021 година да не може да реализира трансфер на играч на Ливерпул, доколку „црвените“ не сакаат да го продадат.
Инаку, пред Кутињо, Барселона од Ливерпул го купи и Луси Суарез.
Минатата сезона, Ливерпул и без Кутињо стигна до финалето во Лигата на шампионите.