Top Sport

„Ако му е здодевно во Париз и прифати помала плата Кавани може да се врати“

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, во свој стил ги коментирал шпекулациите за можното враќање во Неапол на Единсон Кавани.

Де Лаурентис им ветил на новинарите дека наредната сезона во клубот ќе пристигне едно големо име, вистинска ѕвезда на светскиот фудбал. Исто така тој потенцирал дека Наполи нема да носи нови фудбалери во јануарскиот преоден рок.

„Некој нема да донесеме во јануари. Во јуни ќе пристигне едно големо име. Кавани? Ако му е здодевно во Париз и реши да заработува помалку тогаш ќе го пречекаме со раширени раце“, рекол Де Лаурентис.

Кавани го носеше дресот на наполи од 2010 до 2013 година, а потоа се пресели во ПСЖ.

Scroll to Top