Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во средата, бил гостин на факултетот за модерен јазик и култура на Универзитетот во Ливерпул. Тој одржал предавање, во кое говорел за можноста да научи неколку светски јазици, важноста на патувањата, демократијата, референдумот во Каталонија, фудбалот…
Гвардиола, кон крајот на своето предавање ги изнасмеал студентите со своето интересно објаснување зошто не чита книги.
„Сакам да читам, но не го правам тоа. Ќе почнам да читам нешто и тогаш ќе си помислам ‘Ливерпул, Јирген Клоп’ и повеќе немам концентрација. Луѓето велат дека многу читам. Не, не читам. Имам убава библиотека и порано или подоцна ќе имам време да ги прочитам тие книги, но сега нема време. Но, читањето поезија на секого може да му го разубави денот“, рекол Гвариола.