Top Sport

Чеферин: Лигата на Нации ги исполни очекувањата

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, рекол дека Лигата на Нации ги исполнила очекувањата.

Лигата на Нации, што ја покрена УЕФА е замена за пријателските натпревари, а на играчите им пречи густиот распоред.

Речиси сите репрезентации сериозно влегоа во оваа натпреварување, на крајот сведоци бевме на неколку возбудливи натпревари.

„Не очекувавме дека Лигата на Нации ќе биде толку успешна“, изјавил Чеферин.

Првото издание на Лигата на Нации, фудбалската репрезентација на Македонија го започна во Д-дивизијата. Во конкуренција на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар, македонските фудбалери го освоија првото место, изборија пласман во Ц-дивизијата и влего во плеј-офот, преку кого ќе се обидат да изборат пласман на ЕУРО 2020.

Scroll to Top