Србија, Бугарија, Грција и Романија потврдија дека ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на две големи фудбалски натпреварувања.
Овие четири земји ќе се кандидираат за организација на Европското првенство во 2028 година и за организација на Светското првенство во 2030 година.
Кандидатурата пред еден месец ја најавија премиерите на државите, а доцна во петокот ја потврдиле министрите за спорт на Србија, Бугарија, Грција и Романија, Вања Удовиќиќ, Красен калев, Јоргос Василеиадис и Константин Богдан Матеи.
За медиумите е истакнатао дека иницијативата е потврда за добрите односи на државите и дека претставува предизвик кој треба да придонесе за напредок на сите полиња и дека позитивно ќе влијае врз развојот на фудбалот.
Министрите за спорт потенцирале дека доколку добијат една од кандидатурите тоа повеќекратно позитивно ќе влијае и на другите важни области како: инфраструктурата, туризмот, економијата, културата…