Top Sport

Јунајтед не знае да победи, Сити и Ливерпул со нови триумфи (Видео)

Новиот кикс на Манчестер Јунајтед на домашен терен, убедливата победа на Манчестер сити и деби победата на Клаудио Раниери на клупата на Фулам се лајт-мотив на попладневните натпревари во Премиер лигата.

Јунајтед не успеа да слави над Кристал Палас, мечот заврши 0:0, со што тимот на Мурињо уште повеќе заостанува зад водечките тимови во лигата.

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ беше најзаслужен за победата на Фулам над Саутемптон 3:2. Србинот постигна два гола, а еден беше дело на Германецот Андре Ширле. Двата гола за Саутемптон ги постигна Армстронг.

Манчестер сити се прошета на гостувањето кај Вест Хем. Силва и Стерлинг ја најавија победата во првите 20 минути, која ја потврди Сане со два гола во второто полувреме.

Лесно гостување имаше и Ливерпул кај Вотфорд. Стрелци за „црвените“, во последните 20 минути беа Салах, Арнолд и Фирмино.

Евертон со голот на Сигурдсон го совлада Кардиф, додека Брајтон и Лестер ремизираа 1:1.

Scroll to Top