Top Sport

ПСЖ падна во Унгарија, Барса победи во Кјелце

ПИК Сегед е првиот тим сезонава кој успеа да го победи францускиот шампион ПСЖ, кого од клупата го предводи екс-тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Дербито во Б-групата, го одиграа двете водечки екипи, а по голема борба победата ја однесоа ракометарите на унгарскиот шампион.

Домашните играчи подобро влегоа во натпреварот (4:1), а на полувреме имаа два гола позитива (16:14). По слично сценарио се одвиваше и второто полувреме, Сегед имаше предност и од пет гола, ПСЖ во финишот успеа да се приближи на гол негатива, но без шанси за целосен пресврт.

ПИК Сегед победи 33:32, а најзаслужен за триумфот беше голманот Мирко Алиловиќ кој имаше 17 интервенции. Најефикасен кај победникот беше Сигурмансон со 11 гола. Осум гола за ПСЖ постигна Ремили, а по шест пати прецизни беа Сагосен и Тофт-Хансен.

По девет одиграни натпревари ПСЖ е лидер во Б-групата со 16 бода, ПИК Сегед има бод помалку.

Во Полска неверојатен натпревар одиграа Кјелце и Барселона. Дуелот во кој одбраните речиси и да не постоеја го добија Каталонците со 42:36. Голманите на двата тима на натпреварот имаа само 18 интервенции.

Мортенсен и Дуарте ја предводеа Барселона со по девет гола, додека кај Кјелце се истакна Кулеш со шест.

Во оваа А-група води Барселона со 16 бода, четири повеќе од Кјелце, Вардар има 11, а Рајн Некар и Веспрем по 10.

Scroll to Top