Top Sport

Дебакл на Челси на Вембли (Видео)

Тотенхем го победи Челси со 3.1, во дерби мечот одигран во рамките на 13.коло во Премиер лигата. Челси по првиот пораз во сезоната му го препушти третото место на табелата на Тотенхем.

Играчите на Тотенхем решително и агресивно влегоа во натпреварот, а победата ја најавија со два гола во првите 16 минути. Два пати лошо реагираше голманот на Челси, Кепа, што го искористија Дле Али во осмата и Кејн во 16.минута.

До крајот на полувремето Тотенхем, преку Сон пропушти две добри шанси за зголемување на предноста.

Почетокот на вториот дел им припадна на „сините“, но во моментите кога имаа голема иницијатива, Сон изведе брилијантна соло акција и го постига третиот гол за Тотенхем. Репрезентативецот на Јужна Кореја во 55.минута се извади за промашените шанси во првиот дел.

Челси во финишот постигна гол преку Жиру во 85.минута и пропушти уште две добри шанси да внесе дополнителна неизвесност во натпреварот.

По 13.коло Манчестер сити и Ливерпул се без пораз, Сити има 35, а „црвените“ 33 бода. Зад нив е Тотенхем со 30, а Челси остана на 28 бода.

Scroll to Top