Генералниот менаџер на Барселона Оскар Грау рекол дека клубот ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го купи фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо. Тој дополнил дека буџетот на Барселона за оваа сезона е рекорден и изнесува 897 милиони евра.
„Подготвени сме да го купиме Кутињо во зимскиот преоден рок. Или него или играч кој ќе го побара нашиот стручен штаб. Но важно е да се прилагодиме, доколку донесеме нови играчи, тоа значи дека некој ќе мора да замине. Мораме да ја заборавиме цената која е платена за Нејмар. Откако плативме данок добивме 188 милиони евра, а директната финансиска добивка од овој трансфер за клубот изнесува 144 милиони евра“, ја пренесува специјализираниот фудбалски портал „Гол“ изјавата на Грау.
Барселона се обиде во летниот преоден рок да го донесе Кутињо, кој побара од Ливерпул да му овозможи трансфер на „Ноу Камп“, но англискиот клуб до последниот ден од преодниот рок ги одби сите понуди.
Максималната сума која каталонскиот гигант ја понуди за 25-годишниот Бразилец, според шпекулациите, била 200 милиони евра.
Британските медиуми објавија дека летвото Ливерпул му ветил на Кутињо дека ќе го му дозволи да го напушти клубот во јануари, доколку се согласи да настапува за „црвените“ до крајот на оваа календарска година. н.ц.