Формула 1 сезоната 2018 заврши на прекрасната патека „Јас Марина“ во Абу Даби, каде што Луис Хамилтон стигна до неверојатната 11. победа во сезоната во која по петти пат ја освои светската титула.
Себастијан Фетел во Ферари, како многупати оваа сезона, беше зад асот на Мерцедес, заостанувајќи 2.5 секунди, додека Макс Ферстапен го комплетираше подиумот со 12.7 секунди послабо време за Ред бул рејсинг.
„Ми беше вистинска чест и привилегија да се тркам со Себастијан оваа година, и мораме да бидеме внимателни бидејќи тие ќе се вратат посилни следната сезона“, изјави Хамилтон победата.
Трката започна со спектакуларно излетување на Нико Хилкенберг, откако неговиот болид на Рено беше „закачен“ од Французинот Роман Грожан во Хас. Машината на Хилкенберг се преврте неколку пати пред да заврши во оградата, и да излезе неповреден додека маршалите на патеката го гасеа огнот.
Последната трка на Кими Раиконен за Ферари пак, не траеше долго, откако неговиот болид откажа по само седум круга на „Јас Марина“ во моменти кога беше на четвртото место. Од следната година, ветеранот Раиконен ќе вози за тимот на Заубер, со кој ја започна својата Ф1 кариера.
Неславно збогување имаше и Фернандо Алонсо, откако двократниот Ф1 шампион заминува од спортот на крајот на сезоната. Алонсо со слабиот Мекларен по низата откажувања стигна до 10. место, последно кое носи поени, но стјуардите му доделија казна од 5 секунди за напуштање на патеката, така што ќе остане со своите 1.800 освоени поени.
ALONSO: “Thanks for everything and thanks, Formula 1. I’ll always be a fan”
The feeling’s mutual, @alo_oficial ?#AbuDhabiGP #F1 ?? pic.twitter.com/IVCiiaJyF0
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018