Top Sport

Пак ништо од шампионот! Кристијанштад на две секунди пред крајот го шокираше Монпелје

Хорор-сезоната за освојувачите на ракометната Лига на шампиони, францускиот Монпелје продолжува, откако загубија дома со 30:31 од Кристијанштад во драматична завршница на мечот, и шведскиот клуб ги прескокна и ги постави на последното место во групата А.

Монпелје минатата сезона ги шокираше сите кога триумфираше на Фајнал фор турнирот во Германија, но затоа сезоната 2018/19 нема да ја памети по добро.

Во драматична завршница на мечот, Монпелје успеа да израмни на десетина секунди пред крајот, но Валтер Хринц со фантастичен удар на 2 секунди пред крајот им донесе на шведските шампиони импресивна победа, само втора во овогодишниот настап на ЛШ. Хринц и Стиг Торе Нилсен постигнаа по осум гола за Швеѓаните, додека за домашниот тим, Мелвин Ришардсон имаше дури 11 гола.

Флензбург немаше вакви проблеми и на гостувањето во Данска триумфираше со убедливи 31:24 против Скјерн, додека Целје, по високата победа над Загреб не успеа да направи сензација и беше декласиран од Мотор во Украина со 36:27.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 9.КОЛО

Скјерн – Флензбург 24:31 (13:14)

Монпелје – Кристијанштад 30:31 (16:16)

Мотор Запорожје – Целје 36:27 (18:12)

Scroll to Top