Top Sport

МЗТ со фантастичен финиш до триумф над Куманово

МЗТ Скопје Аеродром со фантастична последна четвртина дојде до 76:70 победа над Куманово во последниот меч од осмото коло во Суперлигата, откако кумановци имаа предност по три четвртини.

Кумановци се покажаа како „тврд орев“ во првото полувреме, држејќи ги на дистанца домаќините, а во второто полувреме имаа и +10 предност, пред „металците“ да се разбудат и да ја направат завршницата поинтересна.

Медфорд имаше 13 поени за МЗТ, Иванов додаде 12, додека Думиќ кај Куманово уфрли 21 поен.

Scroll to Top