Смената на српскиот фудбалски селектор Младен Крстајиќ е само формалност, тврдат српските медиуми, и покрај тоа што под негово водство репрезентацијата успеа да влезе во Лига Б во Лигата на нации на УЕФА.
Според српскиот „Курир“, Фудбалската федерација на србија (ФСС) е блиску до договор со легендарниот Драган Стојковиќ-Пикси, и треба да се утврдат само деталите на договорот.
Пикси има уште три години од договорот со кинескиот Гвангжу Р&Ф, каде што заработува по фантастични шест милиони долари по сезона, така што финансиската страна може да биде најпроблематична за договорот.
Ова не би било првпат и покрај успесите на репрезентацијата, Србија да го менува селекторот. Славољуб Муслин доби отказ и покрај тоа што ги однесе Србите на Светското првенство во Русија и на негово место дојде токму Крстајиќ.
Фото: ЕПА