Top Sport

Лацио во 94. минута израмни и го сочува четвртото место од Милан! (видео)

Хоакин Кореа постигна гол во 94. минута за да „спаси“ 1:1 реми на Лацио против Милан и да го остави клубот од Рим на четвртото место на табелата во Серија А во драматичен финиш на „Олимпико.

Милан дојде до водство во 78. минута, кога по еден брз контранапад на „росонерите“, Френк Кеси шутираше од работ на шестнаесетникот, а топката го закачи дефанзивецот на Лацио, Валас, и заврши во мрежата на Стракоша.

Кога се мислеше дека „росонерите“ ќе извлечат важна победа, Кореа прифати една долга топка пред шестнаесетникот на противниците и со убав удар го „матираше“ Џиџи Донарума

Со поенот, Лацио останува на четвртото место со 23 поени, пет помалку од третопласираниот Интер, но и еден поен пред Милан на петтата позиција..

Фото: ЕПА

Scroll to Top