Финалниот реванш во Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс е одложен, а кога ќе ривалите ќе го одиграат реваншот ќе биде познато во вторник, по состанокот на клубовите и Фудбалската федерација на Јужна Америка.
Фудбалерите на Бока Јуниорс, во изминатите два дена, два пати одбија да истрчаат на теренот на „Монументал“, поради инцидентот што се случи во близина на стадионот.
Навивачите на домашниот клуб, во саботата, го нападнале клупскиот автобус на Бока. Во нападот се повредени неколку играчи на Бока, поради што дуелот беше одложен за еден ден, меѓутоа три часа пред почетокот истиот е одложен на неодредено време.
Целиот свет го осуди варварскиот чин на навивачите на Ривер Плата, поради инцидентот, кој како што објавуваат медиумите започнал по една провокација која стигнала од автобусот.
No estoy a favor con los que recurrieron a la violencia tirando piedras, pero hay que contar las dos partes del cuento. Los mismos que eran víctimas para hablar, en el micro eran todo lo contrario. Cara duras. pic.twitter.com/wXMsiHOUt9
— Franco (@franale14rp) November 25, 2018
Играчот на Бока Јуниорс, Фернандо Гаго, им го покажал средниот прст на навивачите на Ривер, што било доволен повод за тие да започнат да фрлаат со камења, а пота и да фрлат солзавец во автобусот.