Top Sport

Мекгрегор најави големо враќање во 2019

Ирската ММА сензација, Конор Мекгрегор најави дека ќе биде назад во „октарингот“ во 2019 година, порачувајќи им на своите фанови дека има големи планови за следната сезона.

Ирецот минатата година загуби во боксерското деби од Флојд Мејведер Јуниор по 10 рунди, пред во октомври оваа година да се врати во УФЦ и да биде поразен од Русинот Хабиб Нурмагомедов, по што доби суспензија поради општиот хаос кој се случи по поразот од Хабиб. Сепак, тој на Твитер им порача на фановите дека го чека возбудлива 2019.

„Во 2019 ќе стартуваме во Обединетото Кралство и во Австралија. 2019 година е исто така годината во која ќе се вратам во октарингот. Многу сме возбудени, благодарам за поддршката“, напиша Мекгрегор одговарајќи на фан кој прашуваше за неговиот бренд виски „Пропер виски“.

Scroll to Top