Top Sport

Џипси Кинг со големо срце – Фјури сите пари од мечот со Вајлдер ќе ги донира за бездомниците

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури вети дека ќе ги даде сите пари (околу 8 милиони фунти) од мечот со Дионтеј Вајлдер за бездомниците.

Фјури, со прекар Џипси Кинг го очекува вистински предизвик против Американецот следниот викенд во Лос Анџелес, и најави дека е подготвен да го „сврти грбот“ на Велика Британија ако победи во сабота. Но, тој вели дека парите ќе ги донира бидејќи сите заслужуваат да имаат покрив над глава, и во исто време сака да им одржи лекција на неговите деца дека треба сами да ги заработат своите пари.

„Ќе ги дадам парите на сиромашните и ќе изградам домови за бездомниците. Мене искрено, многу не ми требаат, бидејќи не сум заинтересиран да станувам милионер или милијардер. Јас сум боксер и бизнисмен и најверојатно ќе завршам без денар кога нема веќе да боксувам. Вака барем ќе помогнам на некого“, изјави Фјури.

Фјури има четири деца со својата сопруга Парис: Валенсија Амбер, Принс Џон Џејмс, Венецуела и Принс Тајсон Фјури Втори.

Scroll to Top