Top Sport

Уапсен претседателот на Сампдорија

Претседателот на фудбалскиот клуб Сампдорија, Масимо Фереро е уапсен, а полицијата му го запленила имотот. Фереро е обвинет за финансиски криминал (проневера, перење на пари и измама).

Меѓу сомнителните трансакции што ги направил Фереро е и трансферот на Педро Обијанг. Овој фудбалер, за непозната сума на пари, во 2015 година од Сампдорија се пресели во Вест Хем Јунајтед.

Наводно, во целиот трансфер исчезнала сума од 1,2 милиони евра, а се тврди дека неправилностите се во делот на Сампдорија, додека делот на Вест Хем бил чист.

Фереро е еден од шестмината уапсени во акцијата на италијанската полиција. Наводно, со лажни документи успеал да префрли пари во посебна компанија, чии сопственик е тој. Со тие пари Фереро ги сервисирал долговите и финансирал филмски проект и заработил дополнителни пари во филмската индустрија.

Полицијата се сомнева дека од фудбалскиот клуб Сампдорија исчезнале 2,6 милиони евра, а дека 500.000 евра се одлеале од клубот по пат на фалсификувани судски спорови.

Овие пари, според полицијата, Фероро ги искористил за да купи имот во Фиренца. Полицијата во денешната акција го запленила и овој имот.

Scroll to Top