Top Sport

Пандевци ја шокираа Шкендија, Вардар сигурен против Победа

Шкендија доживеа шокантен пораз на домашен терен од Академија Пандев, во рамките на 17.коло, во домашното првенство. Поразот на Шкендија го искористи Вардар кој со убедливата победа над Победа ја намали разликата во однос на лидерот на три бода.

Дуелот на Шкендија и Академија Пандев го реши голот на Крстевски постигнат уште во 26.минута. Вардар од другра страна, со головите на Брдаровски во првото, односно Попзлатанов и Исени, освои три бода против Победа.

Работнички ја победи Беласица во Струмица со 2:1. Ерера и Петковски погодија за „романтичарите“, а почесниот гол за домаќинот го постигна Виљанин во 91.минута.

Натпреварите Шкупи-Ренова и Македонија ЃП-Силекс завршија 1:1.

Стојковски за Шкупи и Велија за Ренова ги постигнаа головите во Чаир, а Да Силва погоди за Македонија ЃП, односно Дурански за Силекс.
Табела: Шкендија 37 бода, Вардар 34, Академија Пандев 29, Работнички 26, Ренова 21, Шкупи 20, Македонија ЃП 18, Победа 17, Беласица 17, Силекс 15.

фото: fkvardar

Scroll to Top