Босанскиот кошаркар Нихад Ѓедовиќ со својот изглед неверојатно потсетува на шведската фудбалска легенда, Златан Ибрахимовиќ, па поради тоа често се случува минувачите да посакаат селфи со познатиот фудбалер.
Кошаркарот кој неколку години настапува за германски Баерн неодамна откри интересен детал за себе.
„Имаме балкански гени, на луѓето сме им слични, посебно откако пуштив коса. Ова лето во Париз секој втор што ме сретна сакаше автограм и фотографија со мене. Неверојатно. Им викав, луѓе, јас не сум Златан“ – вели Ѓедовиќ.
Погледнете ја сличноста на двајцата спортисти: