Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен може малку да здивне откако неговиот тим одигра уверливо против Бенфика во Лигата на шампионите, победа од 5:1 синоќа.
Спортскиот директор на клубот, Босанецот Хасан Салихамиќ рече дека и викендов Ковач ќе биде на кормилото на клубот.
„Конечно пак изгледавме како Баерн“ – порача тој.
Прашан за тоа дали има крт во клубот кој ги „шепнува“ информациите за внатрешните работи во клубот, Салихамиџиќ беше дециден:
„Може само да замислите што ќе му направам ако го фатам“.
Hasan Salihamidžić threatens the mole: “You can just imagine what would happen if I catch him!” [Sport1] pic.twitter.com/5HAtlE6zTI
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) November 27, 2018