Top Sport

Флензбург го доби дербито со Пик Сегед

Германскиот Флензбург стигна до многу важна 27:25 победа над унгарското изненадување Пик Сегед во 10. коло од Лигата на шампионите со која се искачи на третото место во групата Г и ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето.

За Сегед пак, поразот доаѓа само четири дена по сензационалната победа над Пари Сен-Жермен, откако не можеа да се „носат“ со бундеслигашот посебно во одличното второ полувреме. Норвежанецот Магнус Јендал имаше дури осум гола за Флензбург, а пет уфрлија Гола и Готфридсон, а за Унгарците Рихард Бодо беше најефикасен со пет гола.

Вистинска сензација направи финскиот дебитант во ЛШ, Рихимаки Кокс, по шокантната 27:26 победа над Висла Плоцк, откако полскиот клуб пропушти водство од девет гола. Никлас Ренберг го постигна победничкиот гол  на една секунда пред крајот откако Финците се вратија од 12:3 негатива. И покрај поразот, Плоцк се пласираа во плеј-офот, иако уште го немаат гарантирано првото место во групата.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Рихимаки Кокс – Висла Плоцк 27:26 (10:15)

Флензбург – Пик Сегед 27:25 (14:14)

Scroll to Top