Откако лани стигнаа толку блиску до европскиот трон, Ливерпул очекуваа дека оваа сезона ќе можат да одат чекор понатаму. Меѓутоа, по поразот од ПСЖ од 2:1, на „црвените“ им е потребна мала „математика“ на „Енфилд“ во последното шесто коло за да бидат во осминафиналето.
Ливерпул во последното коло го пречекува Наполи, додека Пари Сен-Жермен гостува кај Црвена звезда. Едно е сигурно – Ливерпул ќе мора да победи, а можеби разликата ќе треба да биде барем со два гола.
Наполи има 9 поени, ПСЖ 8, а Ливерпул 6. Италијанскиот клуб во првиот меч славеше со 1:0, така што Ливерпул би одел понатаму со победа од 1:0, меѓутоа не и со 2:1. Доколку Наполи даде гол, тогаш на Ливерпул им треба победа од два гола разлика.
Оваа комбинација е само ако ПСЖ, како што се очекува, не загуби во Белград, бидејќи секој кикс на „светците“ на „Рајко Митиќ“, ќе значи дека тие испаѓаат од ЛШ (доколку Ливерпул победи).
Не радува статистиката на Ливерпул на „Паркот на принцовите“ – тие имаа само еден удар на гол (пеналот на Милнер), и ги загубија сите три гостински натпревари.
ГРУПА Ц, ПОСЛЕДНО КОЛО
ЛИВЕРПУЛ – НАПОЛИ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН
Табела: Наполи 9, Пари Сен-Жермен 8, Ливерпул 6, Црвена звезда 4
*Deep breath, Liverpool fans, here’s what needs to happen*
IF: Liverpool beat Napoli at Anfield 1-0 they go THROUGH ✅
IF: Liverpool win 2-1 they go OUT on the away goals rule ❌
IF: Liverpool win by two or more goals they are THROUGH ✅
It’s not over yet! pic.twitter.com/lCQBJ5C563
— Football on BT Sport (@btsportfootball) November 28, 2018
Ериксен ги „спаси“ Тотенхем, ПСЖ и Наполи со клучни победи (видео)