Top Sport

Дончиќ ги приземји „ракетите“, Лилард постигна 10 тројки (Видео)

Лука Дончиќ блеска во својата руки сезона во НБА лигата. Словенецот, изминатата ноќ, ги предводеше Далас Маверикс до триумф во дербито на тексас, против Хјустон Рокитс 128:108.

Дончиќ натпреварот го заврши со 20 поени, шест скока и две асистенции и го поништи трипл-даблот на Џејмс Харден, кој за Хјустон забележа 25 поени, 17 асистенции и 11 скока.

Репрезентативецот на Словенија, десетти пат на досега одиграните 18 натпревари постигна најмалку 20 поени. Далас против Хјустон ја забележа седмата победа на последните осум натпревари.

Покрај Дончиќ, двоцифрен број на поени кај Далас постигнаа Девин Херис (20), Харисон Барнс (13), Диандре Џордан (13) и Хосе Хуан Бареа (13 поени, 12 асистенции).

Демијан Лилард, бекот на Портланд Трејлблејзерс, стана клупски рекордер, откако во победата над Орландо Меџик 115:112, постигна десет тројки. Лилард на крајот заврши со 41 поен, осум скока и четири асистенции.

Голема борба под обрачите водеа Балканците, Јусуф Нуркиќ и Никола Вучевиќ. Нуркиќ забележа 16 поени и 13 скока, а Вучевиќ имаше 20 поени, осум скока и седум асистенции.

Резултати:
Шарлот Хорнетс-Атланта Хоукс 108:94
Филаделфија ’76-Њујорк Никс 117:91
Бруклин Нетс-Јута Џез 91:101
Милвоки Бакс-Чикаго Булс 116:113
Минесота Тимбервулвс-Сан Антонио Спарс 128:89
Њу Орлеанс Пеликанс-Вашингтон Визардс 125:104
Оклахома Тандер-Кливленд Кавалирс 100:83
ЛА Клиперс-Феникс Санс 115:99

Scroll to Top