Кореецот Ли Сунг Мо, фудбалер кој настапува во втората лига ги исплаши сите на стадионот по неговиот пад директно на глава.
На снимката од мечот во корејското првенство се гледа како играчот по еден воздушен дуел со противникот губи рамнотежа и паѓа на глава, притоа виткајќи го вратот. Падот изгледа страшно, исто како и кадрите од онесвестениот играч.
Првичните информации беа дека играчот заработил скршеница на вратот, но подоцна стигна потврда дека Сунг Мо се освестил и не е сериозно повреден.
Имаше среќа што соиграчите и лекарите во тимот експедитивно реагирале со што спречиле трагедија.
Погледнете:
https://youtube.com/watch?v=yo1F_g9p3X8