Top Sport

Косјелни по Мундијалот ќе се збогува со „триколорите“

Францускиот репрезентативец Лоран Косјелни рекол дека ќе се повлече од националниот тим по завршувањето на Мундијалот во Русија. Косјелни во кариерата има одиграно 49 натпревари за Франција. Тој за репрезентацијата дебитираше во 2011 година на натпреварот против САД.

„Се има свој крај. По Мундијалот ќе имам речиси 33 години и тоа ќе биде вистинскиот момент да ја напуштам репрезентацијата. Имам уште шест месеци да процветан во францускиот тим и да направам уште повеќе спомени, како што вели мојата сопруга“, рекол дефанзивецот на Арсенал за „Лекип“.

Косјелни со француската репрезентација има играно на три големи натпреварувања и беше дел од тимот кој лани го освои второто место на Европското првенство.

Дефанзивецот во досегашната кариера има проблеми со повредата на глуждот, а за „Скај“ рекол дека секојдневно оди на терапии и поради проблемите со ахиловата тетива.

„Секое утро тоа го правам и така ќе биде до крајот на кериерата. Засега е во ред, но понекогаш кога играме натпревари на секои три дена чувствувам дека ми е тешко и дека морам да се рехабилитирам“, дополнил Косјелни.

Scroll to Top