ЦСКА Москва го доби големото дерби во 10. коло од Евролигата, откако во Мадрид со 93:88 го совлада актуелниот шампион Реал!
„Армејците“ почна фуриозно и направија фантастична 17:3 предност, пред Реал да ја спушти оваа разлика на -4 до крајот на првата четвртина. „Кралскиот клуб“ врати со 15:0 серија за да поведе со 32:24, по што следуваше големиот кам-бек на ЦСКА во третата четвртина за да направат предност која ја одржаа до крајот на мечот.
Со оваа победа, ЦСКА се искачува на првото место на табелата. Кори Хигинс имаше 24 поени за ЦСКА, додека Факундо Кампацо имаше 23 за Реал.
ЕВРОЛИГА, 10.КОЛО
Дарушафака – Гран Канарија 71:75 (25:22, 19:12, 12:23, 15:18)
Жалгирис Каунас – Милано 83:78 (18:23, 22:8, 20:27, 23:20)
Макаби Тел Авив – Баерн 95:71 (27:17, 20:12, 20:26, 28:16)
Реал Мадрид –ЦСКА Москва 88:93 (20:24, 21:14, 20:29, 27:26)