Top Sport

Јовиќ пак го „крена“ Ајнтрахт, спектакуларен кам-бек на Бешикташ (видео)

Ајнтрахт Франкфурт и Челси го продолжија „походот“ во Лига Европа, откако стигнаа до нивната петта победа во пет меча во натпреварувањето на УЕФА, со идентични и убедливи 4:0.

Ајнтрахт со 4:0 го декласираше Олимпик Марсеј на „Комерцбанк-арената“, бладарение на двата гола на 20-годишниот српски напаѓач Лука Јовиќ, кој подолго време е на „мета“ на најголемите европски клубови.

Во истата група Х, Ајнтрахт и Лацио веќе имаа обезбедено пласман, по што Лацио загуби неочекувано со 2:0 од Аполон Лимасол од Кипар, благодарение на еден спектакуларен гол на Французнот Давид Фопала.

Челси, кои, исто така имаа обезбедено пласман во нокаут фазата со 4:0 го „наполнија“ ПАОК од Солун со двата гола на Оливие Жиру и по еден на Алваро Мората и Калам Хадсон-Одои. ПАОК од седмата минута играше со играч помалку.

Најдраматично беше во групата И, каде што патникот во нокаут фазата ќе се одлучува во последното коло. Бешикташ ги надомести двете катастрофални грешки на голманот Лорис Кариус и негатива од 2:0 од првото полувреме, за со вториот гол на Џермејн Ленс во 90. минута да извлече супер-важна 3:2 победа.

И Малме имаше слично враќање, откако од 0:2 домашна негатива против Генк, исто така извади 2:2. Генк е лидер со 8 поени, Бешикташ сега има 7, а во игра се и Малме со 6 и Сарпсборг со 5.

ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО

ГРУПА Г

Глазгов Ренџерс – Вилјареал 0:0

Табела: Вилјареал 7, Рапид В 7, Ренџерс 6, Спартак М 5

ГРУПА Х

Аполон – Лацио 2:0

Ајнтрахт Франкфурт – Марсеј 4:0

Табела: Ајнтрахт 15, Лацио 9, Аполон 4, Марсеј 1

ГРУПА И

Малме – Генк 2:2

Сарпсборг – Бешикташ 2:3

Табела: Генк 8, Бешикташ 7, Малме 6, Сарпсборг 5

ГРУПА Ј

Стандард Лиеж – Севилја 1:0

Табела: Краснодар 12, Лиеж 10, Севилја 9, Акхисар 0

ГРУПА К

Јаблонец – Рен 0:1

Табела: Динамо К 11, Астана 8, Рен 7, Јаблонец 3

ГРУПА Л

Челси – ПАОК 4:0

Табела: Челси 15, БАТЕ 6, МОЛ Види 6, ПАОК 3

АЈНТРАХТ – МАРСЕЈ

САРПСБОРГ – БЕШИКТАШ




АПОЛОН – ЛАЦИО

ЧЕЛСИ – ПАОК

Scroll to Top