Судот во Загреб нема да води постапка против Лука Модриќ, објави „Јутарњи лист“. Капитенот на хрватската репрезентација, беше обвинет за лажно сведочење во процесот против Здравко мамиќ и неговите соработници.
Судот во Загреб, претходно ги отфрли обвинувањата против Модриќ, но обвинителството ја обжали одлуката. Сега против оваа одлука на судот не постои можност за жалба.
Здравко Мамиќ и неговите соработници се обвинети за финансиски малверзации во фудбалскиот клуб Динамо Загреб. Модриќ од обвинителството беше обвинет дека лажно сведочел за анексите во неговиот договор со кој била регулирана поделбата на парите од неговиот трансфер од Динамо во Тотенхем.
Во овој процес Здравко Мамиќ доби казна затвор во траење од шест и пол години, но тој уште пред да биде изречена пресудата успеа да избега во Босна и Херцеговина.