Top Sport

Ривер и Бока финалниот реванш ќе го играат во Мадрид

Реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, во историското финале во Копа Либертадорес, ќе се одигра на 9.декември во Мадрид, на стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“, решија челниците на Јужноамериканската фудбалска федерација (КОМНЕБОЛ).

Во овој термин Реал ќе гостува во Уеска, што значи дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде слободен, а челниците на „кралскиот клуб“ и претходно го понудија овој стадион за одигрување на Суперкласико.

На подрачјето на Мадрид живеат 71.000 Аргентинци, што значи дека интересот за овој меч ќе биде голем.

Реваншот, требаше да биде одигран мината сабота, но бидејќи навивачите на Ривер го нападнаа клупскиот автобус на Бока, со камења и солзавец, истиот беше одложен. Неколкумина играчи при нападот беа повредени, поради што од Бока порачаа дека тие нема да играат на „Монументал“.

КОНМЕБОЛ му изрече парична казна на фудбалскиот клуб Ривер Плата од 400.000 евра. Исто така Ривер наредните две средби во Копа Либертадорес ќе ги игра пред празни трибини.

Инаку, опцијата реваншот да не биде одигран уште стои, бидејќиБока Јуниорс најавија дека ќе се жали на оваа одлука до Судот во Лозана.

Scroll to Top