Лука Модриќ не е фудбалер кој е познат по својот темперамент, честопати останувајќи смирен и во најжестоките ситуации на фудбалскиот терен. Меѓутоа, очигледно, ниту тој не сака да губи, ниту на тренинг.
При тренинг на гигантот од Мадрид, Модриќ остана во средина, бидејќи младиот Винисиус не се потруди да стигне до топката. И додека Бразилецот се смееше, Хрватот не остана толку смирен!